Home » „Џез Нова“-првиот концерт на Националниот џез оркестар на Македонија

„Џез Нова“-првиот концерт на Националниот џез оркестар на Македонија

by culturalchat

Националниот џез оркестар го одржа својот прв концерт во Македонската опера и балет. Со овој концерт насловен „Џез Нова“ свечено го одбележаа почетокот, односно продолжувањето на нивната работа, но овој пат како Национален џез оркестар. На програмата беа композиции за биг бенд од македонски автори од различни генерации, еден колаж од интересни композиции, кои беа интересни  за публиката. Така тука беа делата на Илија Пејовски, Владимир Николов, Алек Пејовски, Иван Петровски, Сашко Николовски, Трајче Велков, Зоран Костадиновски, Гордан Спасовски, Џијан Емин, композиција од Драган Ѓаконовски- Шпато, „Поздрав до оркестарот“,како специјален поздрав до публиката и од директорот на оркестарот Гоце Стевковски, композицијата „Кисела вода. Стевковски се заблагодари на присутните и за нивната поддршката и во изминатите години додавајќи дека создавњето на овој оркестар е историја за Македонија.

На исиот беше присутна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која истакна:

„Ја остваривме визијата, имаме Национален џез оркестар. пријателите на џезот, вљубениците во звукот на слободата и инспиративната моќ на импровизацијата максимално уживаа во првиот официјален концерт на новоформираната национална установа од областа на културата, Џез-оркестар. Имаме плодни македонски џез-автори од различни генерации, имаме исклучителни џез-изведувачи, кои убедена сум, ќе посегнат и кон врвот на светската џез-сцена. Како Министерство за култура и јас како министерка, ќе ги поддржиме и на тој пат. Со благодарност кон основоположниците на овој жанр, од име на сегашната генерација и на младите кои се школуваат за овој музички стил, посакувам уште многу концерти и настани кои ќе ја радуваат македонската публика и кои ќе ја облагородуваат културната сцена во нашата држава. Честитки“.

Во публиката беа и гитаристот Влатко Стефановски со синот Јан, кој е тапанар во неговото трио. Диригент на оркестарот беше Џијан Емин . За неговото дело „¼ ока“, истакна дека го напишал инспириран од децата, од улиците, нашето општество. За оката како стара мерка за тежина диригентот рече дека на овој концерт ја мери вистината. За месеците кои следат, новата национална установа подготвува внимателно избран репертоар што ги следи актуелните трендови во џез музиката, но вклучува и изведби на џез класици од домашната, регионалната и светската џез сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња.

 

Related Articles