Home » 100 фестивалски учества за „Северен пол“ низ светот

100 фестивалски учества за „Северен пол“ низ светот

by culturalchat

Филмот „Северен пол” ја достигна бројката од 100 фестивалски учества ширум
светот освојувајќи 15 награди. Во низата на последните награди е и наградата за “Најдобра актерка” во категоријата KIDDOS на 11 издание на Visioni Corte Film Festival  за талентираната, млада актерка Антонија Белазелкоска. Наградата за “Најдобар краток филм” на 14 издание на PriFest -Prishtina International Film Festival кој се одржа од 20 до 25 септември во Приштина.

Тука е и наградата за најдобакраткометражен филм на петтото издание на Seanema Film Festival кој се одржа од 15-ти до 18-ти септември во Улцињ, Црна Гора.

Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе интернационални фестивали и освои награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) се квалификуваше за наградата „Оскар“.

Претходно филмот освои и две награди во рамките на интернационалната селекција на 4-то издание на Castrovillari Film Festival.

Наградата за најдобра актерка и’ припадна на младата и талентирана Антонија Белазелкоска и наградата за најдобра кинематографија му припадна на добро познатиот и докажан директор на фотографија Владимир Самоиловски.

Исто така тука се двете награди за најдобар краток филм. Наградата KODAK BEST SHOT ON FILM ја доби во рамките  на 18-то издание на HollyShorts Film Festival кој се одржа од 11-ти до 20-ти август во Лос Анџелес.

Наградата PUNTO DI RITORNO е доделена на 3-то издание на Calabria Movie Short Film Festival кој се одржа од 17-ти до 20-ти август во Кротоне, Калабриа, Италија, две награди за најдобар краток филм и тоа на 20-то издание на Ischia Film Festival, кој се одржува во Искја, Италија и на 9-то издание на Башта фест, српскиот фестивал кој се одржуваше во Баина Башта.

Исто така доби номинација за најдобар краток филм на 2-то издание на францускиот International Children Care Film Festival кој се одржуваше во Париз, како и номинација во интернационална конкуренција за најдобар краток филм на 20-то издание на Manlleu Film Festival кој се одржува во Шпанија.

Приказната на „Северен Пол“ е приказна за прифаќање и меѓуврснички притисок, раскажана низ очите на 16годишната Марго, која ја игра Антонија Белазелкоска.

Сниман на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ. Сценариото за „Северен Пол“ беше едно од 16те избрани за развој на European Short Pitch, каде последната фаза беше јавното преставување на проектот пред публика од продуценти во Брест. Македонската премиера беше во рамките на ИФФК. Браќа Манаки, а промоциите по реномирани фестивали продолжија и тоа на Сараевскиот филмски фестивал, фестивалите во Италија, и други. Овој филм е сниман на 16 милиметарска филмска лента. Филмот беше избран во програмите на фестивалот во Талин, потоа на фестивалот во Швајцарија , на јубилејното 25 то издание, во Шведска на фестивалот кој се одржуваше од 10 ти до 21 ноември, беше прикажан на Лондонскиот фестивал за краток филм и други.

Овој филм ја потврди високата позиција на Македонија на светската мапа од филмската уметност и ги отвори вратите на македонската кинематографија на еден од најреномираните филмски фестивали, Канскиот.

 

Related Articles