Home » 30 дела од Ликовната колонија „Дрен“ изложени во Прилеп

30 дела од Ликовната колонија „Дрен“ изложени во Прилеп

by culturalchat

Во ликовната галерија во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп беше презентирана изложба на дела од Ликовната колонија „Дрен 2023“, што се одржа во јули по 15. Пат.

На изложбата се претставени над 30 ликовни и скулпторски дела од уметниците: Павлина Копано, Славица Танеска, Александра Димитрова, Мирјана К. Масети, Дамјан и Елена Ѓуров, Стефан Анчевски, Благојче Наумоски-Бане, Методи Исков, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески, Филип Перески, Маја  Танеска, Тони Чатлески, Верче Николоска, Славчо Павлески, Габриел Димитровски,  Филип Ристески, Елена Пантелиќ и Марјан Стојаноски, кои остануваат трајно наследство за прилепскиот Центар за култура и за државата.

„Од многубројното и разнообразно творештвото коешто го создадоа уметниците – сликари и скулптори, можат да се препознаат и дефинираат повеќе разни ликовни стилови: експресионизам, минимализам, асоцијативна и геометриска апстракција, како и фантастичен реализам “, рече на отворањето на изложбата м-р Викторија Димеска, историчар на уметност.

Фондот на дела создадени на Колонијата „Дрен“ во изминатите години веќе достигна над 400 творби од врвни уметници од земјава и од странство.Со изложбата, што се реализираше со поддршка од Министерството за култура, ЦК „Марко Цепенков“ ги заокружи програмските активности за 2023 година.

Related Articles