Home » 8 златни медали за „За-Нед-До“ на Интернационален Фестивал на боречките вештини во Грција

8 златни медали за „За-Нед-До“ на Интернационален Фестивал на боречките вештини во Грција

by culturalchat

Од 23 – 25 јуни, во грчкиот град Ставрос – Солун се одржа 12-тиот Интернационален Фестивал на боречките вештини во организација на Светската федерација за боречки вештини во Грција. Македонските претставници на овој голем спортски настан – членовите на академијата “ЗА НЕД ДО” настапија со екипа од седум натпреварувачи во четири дисциплини и освоија осум златни медали.

Борците на Дијана Неделковска – кик бокс мајстор VI дан се натпреваруваа во: лајт контакт – лоу кик – фул контакт и поин фајт. Во борби со претставници на Бугарија – Грција – Србија – Арменија – Хрватска и Германија на 12-тиот Интернационален Фестивал на боречките вештини имаше над 5ОО борци.

„Традиционално ние веќе 25 години каде и да имаме борци во боречки вештини и спортови преку професионализмот и чистата спортска борба освојуваме повеќе награди од бројноста на тимот кои секако е поголем но не секогаш сме биле во можност да отпатуваме во цел формат. И овој пат во Ставрос – Солун каде академијата “ЗА НЕД ДО” се натпреваруваше со седум борци освоени се точно осум златни медали. Нешто што нескромно стана своевидна традиција ако се знае дека пред само неполн месец во Серес – Грција на Светскиот шампионат “ЗА НЕД ДО” со тим од 12 натпреварувачи се врати со 16 светски титули. Она што пак се очекува од мене како главен тренер и селектор за својата земја како и претставник на Македонија во Светската федерација за боречки вештини со седиште во Грција е кратко да резимирам дека лично сум презадоволна од сите борци и борбите кои ги имаа на терен.

Темпото и начинот на кој работи нашата веќе 5О годишна академија претходно под водство на мојот татко Златко Неделковски, а последните 3 години од мене и повеќе од очигледно е дека се правиот „рецепт” за креирање борци кои високо котираат на светски рамки. И тоа е патеката по која ќе продолжам. Не е најлесната но е најчесната ако се знае што се се случува во светот на боречките вештини и спортови а и спортот во целост и во Македонија и во светот. Тоа мојот татко го согледа пред четврт век и ние целосно го игнорираме иако не е лесно но помошта од родителите – спортистите и форми на поддршка си доаѓа со самиот квалитет“, истакна Неделковска.

 

Related Articles