Home » JFF24 Meet the artists: Јулиа Сиедл Трио од Австрија

JFF24 Meet the artists: Јулиа Сиедл Трио од Австрија

by culturalchat

Повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство ќе бидат дел од годинешното 7.по ред издание на Џез фактори фестивалот кој ќе се одржи на сцените во Народниот театар и Центарот за култура Битола .3. Април е резервиран за настапот на Јулиа Сиедл Трио од (Австрија). Виенската композиторка и пијанистка Јулиа, со сигурност е едно од најпознатите откритија од современата Австриска џез сцена. Плени со својата виртуозност, имровизаторските способности и фантастичниот џез вокал.

Како слушнавте за Џез Фактори фестивалот ?

Ј.С.-Добив лична покана од Сашо Поповски, кој ме контактираше. Секогаш е убаво ако ти се случи такво нешто како музичар.

Дали сте биле претходно во Македонија?

Ј.С.- Ова ќе биде мое прво патување во Македонија и возбудена сум поради тоа.

Што може да очекува битолската публика на концертот на триото?

Ј.С.- На фестивалот ќе изведуваме моја авторска музика, која вклучува низа емоции: на моменти може да биде динамична и енергична, понекогаш интроспективна и романтична. За нас музичарите дефинитивно нашата музика е интересна и забавна да се изведува и се надевам дека и публиката ќе се чувствува исто. Стилски би го опишала нашиот звук како современ џез, со влијанија од латино музиката, елементи на слободно свирење, ритмичко експериментирање и многу простор за креативна интеракција. На нашиот репертоар ќе има и неколку мои вокални мелодии.Што мислите зошто овие фестивали се важни за музичарите во светот?

Ј.С.-Фестивалите како JFF се најдобрата можност за нас музичарите да ја претставиме нашата музика на меѓународно ниво и да се поврземе со нова публика. За жанрот на џез музиката фестивалите се силни платформи кои можат да го привлечат вниманието на пошироката јавност. Фестивалите обично допираат до луѓе кои вообичаено не би присуствувале на џез концерт.За нас музичарите фестивалите се меѓународни точки за средби кои ни овозможуваат да се поврземе со нова публика и да воспоставиме контакти во индустријата со колеги музичари, продуценти, новинари, менаџери итн. Свирењето на фестивал е секогаш одлична можност и најдобар начин да ја претставиме нашата музика.

Годинешното 7.по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 03-ти до 06-ти Април. Влезниците може да се набават преку веб страната на Џез фактори фестивалот :

JULIA SIEDL TRIO

Исто така и на билетарата на Народниот театар Битола, како и онлајн на следниот линк:

https://narodenteatarbitola.com/events/julia-siedl-trio-nicolas-gardel-trio/?fbclid=IwAR0OvBxxK1jVi9COiOPP7vTkVAP4HsNlGaeRJDMq7-3lLUR8H7-RbPQK2p4

 

 

 

 

Related Articles