Повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство ќе бидат дел од годинешното 7.по ред издание на Џез фактори фестивалот кој ќе се одржи на сцените во Народниот театар и Центарот за култура Битола.На 4.април, четврток на сцената на Битолскиот театар, ќе настапи Николас Гардел триото од Франција.Ова трио покрај Николас го сочинуваат и Артур Гајард, Клемент Жавињи. Со над триесет години на сцена трубачот Николас Гардел, е еден од нај реномираните џез артисти од Франција и пред се искрен љубител на музиката. Неговиот уникатен пристап, темелен врз јасно разработена џез фраза низ кариерата му овозможи соработки со многубројни светски уметници од највисок ранг.
Како слушнавте за Џез Фактори фестивалот ?
Н.Г.- Слушнав за овој фестивал од мојот пријател Баптист Хербин кој настапуваше таму и имаше само пофални зборови за фестивалот.
Дали сте биле претходно во Македонија?
Н.Г.- Не, никогаш не сум бил во Македонија и многу сум возбуден да дојдам да настапувам таму.
Што може да очекува битолската публика на концертот на триото?
Н.Г.- Публиката може да ги очекува најинтимните и најмелодичните мигови на џезот.
Што мислите зошто овие фестивали се важни за музичарите во светот?
Н.Г.- Фестивалите се посебен момент за музичарите и за публиката, затоа што овозможуваат и двете страни да се здружат и да споделат заедничка страст за оваа музика. Тоа е пред се момент кога човекот е ставен во центарот на целото внимание.
Влезниците може да се набават преку веб страната на Џез фактори фестивалот :
Исто така и на билетарата на Битолскиот театар, но и нивната веб страна:
https://narodenteatarbitola.com/events/julia-siedl-trio-nicolas-gardel-trio/
Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амбасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.