Home » JFF24 Meet the artists: 𝐔𝐍𝐋𝐄𝐀𝐒𝐇𝐄𝐃 𝐂𝐎𝐎𝐏𝐄𝐑𝐀𝐓𝐈𝐎𝐍 од Полска

JFF24 Meet the artists: 𝐔𝐍𝐋𝐄𝐀𝐒𝐇𝐄𝐃 𝐂𝐎𝐎𝐏𝐄𝐑𝐀𝐓𝐈𝐎𝐍 од Полска

by culturalchat

Повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство ќе бидат дел од годинешното 7.по ред издание на Џез фактори фестивалот кој ќе се одржи на сцените во Народниот театар и Центарот за култура Битола. 5.април, петок е резервиран за настапот на квинетот од Полска, 𝐔𝐍𝐋𝐄𝐀𝐒𝐇𝐄𝐃 𝐂𝐎𝐎𝐏𝐄𝐑𝐀𝐓𝐈𝐎𝐍. Џез квинтетот од Полска на свој оригинален начин ги истражува различните концепции во џез уметноста. Идеите зад групата се жанровска отвореност и слобода на музичко изразување. Музиката на Unleashed Cooperation е резултат на долгогодишни индивидуални искуства и истражувања во длабочините на џезот, слободната импровизација и етно музиката.

Истиот го сочинуваат: Патрик Рункиевич, Патрик Матвиејчук, Флавио Гулота, Станислав Александрович и Криштоф Кусмиерек, со кој разговараме во ова интервју.Како слушнавте за Џез Фактори фестивалот ?

К.К.- Сам го најдов ЏФФ. Направив големо истражување на интернет за македонската џез сцена. Мислам дека бендовите како мојот квинтет имаат добра врска со фестивалите во централна Европа. Тоа доаѓа од нашата заедничка историја.

Дали сте биле претходно во Македонија?

К.К.- Не.По прв пат ќе дојдам. Исто така и останатите членови на бендот, по првпат ќе бидат во вашата земја.Што може да очекува битолската публика на концертот на квинтетот?

К.К.- Луѓето на фестивалот слушнат материјали од нашиот деби албум „8 години“. На тоа ЦД подготвивме музика со повеќе жанрови- полска етно музика, современ и модерен џез. Оваа музика е како човечкиот живот – сè уште се развива. „8 години“ значи ова време на развој на секој од нас во бендот и во животот.Што мислите зошто овие фестивали се важни за музичарите во светот?

К.К.- Фестивалите како ЏФФ создаваат сензибилитет и им покажуваат на другите луѓе различни концепти за компонирање и свирење музика. Тоа е многу важно за локалната заедница.За нас- фестивалот за музичарите е место за наоѓање нова публика. Во ова време, контактот со други луѓе кои се восхитуваат на вашата музика ви дава голема доверба за правилната одлука на вашиот избор. Среќни сме што сте со нас!

Влезниците може да се набават преку веб страната на Џез фактори фестивалот :

UNLEASHED COOPERATION

Исто така и на билетарницата на Битолскиот театар, но и на нивната веб страна:

https://narodenteatarbitola.com/events/jff-2024-goce-micanov-trio-unleashed-cooperation/

Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амбасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.

 

Related Articles