Home » Александар Божилов од Бугарија и Ива Павловиќ од Србија – апсолутни победници на 4. Стопанска Триоги триатлон

Александар Божилов од Бугарија и Ива Павловиќ од Србија – апсолутни победници на 4. Стопанска Триоги триатлон

by culturalchat

Трка каква што ù доликува на една метропола се случи во Скопје, за време на 4. Stopanska Triogy Triathlon што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ и во околината. Најдоброто од триатлонската заедница од регионот му даде посебен шмек на настанот, правејќи трката да биде врвна, поставувајќи нови стандарди. Главен спонзор на трката беше Стопанска лизинг АД Скопје. Наградите во главните категории ги врачија Жарко Кржаловски, директор на Стопанска лизинг и Дарко Костовски, директор на продажба. Апсолутни победници на трката се Александар Божилов од триатлонскиот клуб „Космос“ од Софија, Бугарија и Ива Павловиќ од Клубот на екстремни спортови „Крагуевац“ од Србија. Второ место во машка конкуренција освои Филип Виленца од клубот „Максимир“ од Загреб, а трето – Борис Андреев од „Тритим“ од Софија. Кај жените, втора заврши Лана Гавриловиќ од ТК Сава Крагуевац, а трета – Анастасија Пејчева од Tri Team од Софија, Бугарија.
Ви ги споделуваме наградените во поважните категории:
Сениори
Мажи
1.Борис Андреев, Тритеам Софија, Бугарија
2.Албион Имери, Косово Триатлон Федерација, Косово
3.Матко Сариќ, ТК Максимир, Загреб, Хрватска
Жени
1.Лана Гавриловиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија
2.Анастасија Пејчева, Tri Team, Софија
3.Магдалена Станковска, Триоги рејсинг Скопје

Јуниори
Мажи
1.Александар Божилов, Космос, Софија, Бугарија
2.Филип Виленица ТК Максимир Загреб
3.Андро Шертиќ, ТК Максимир Загреб
Жени
1.Ива Павловиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагуевац, Србија
2.Роза Шпорчиќ, ТК Максимир, Хрватска
3.Мила Тркулја, ТК Максимир, Хрватска

Кадети
Мажи
1.Матеј Магдиќ, ТК Максимир Загреб
2.Валентин Илиев, Три плеј, Бугарија
3.Кристијан Колев, ТК Палашев ПазарџикЖени
1.Маша Марковиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагујевац, Србија
2.Дуња Тодиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија
3.Бистра Груевска, ТК Триоги Рејсинг, Скопје, Македонија.
Stopanska Triogy Triathlon се реализира со техничка соработка со македонската Триатлон федерација, главен спонзор е „Стопанска лизинг“. Трката ја помагаат: Сојуз на спортови на Град Скопје и други.

 

 

Related Articles