Home » Баклава го снимија новиот видео запис за „Чаир“

Баклава го снимија новиот видео запис за „Чаир“

by culturalchat

По „Кеј“ и „Нерези“, групата Баклава го презентираа новото музичко видео за песната „Чаир (ул. “Крсте Асенов”). Инспирана од детството, авторката Елена Христова, во текстот буквално го опишува среќниот живот на чаирчаните во своето маало, што не се разликува многу и од другите краеви на Скопје во некое блиско минато.

Овој сингл е третиот со видео запис од новиот албум на Баклава „За Скопје со љубов“, кој го има по сите музички платформи, ЦД и на винил.

Спотот е во продукција на Opium Film, снимен и монтиран од Кирил Каракаш, Светислав Подлешанов и Бојан Секулоски. Истиот е во продукција на Дени Крстев и Елена Христова.

Related Articles