Home » Влатко Лозаноски ја сними песната „Пријател“ со Фрајле

Влатко Лозаноски ја сними песната „Пријател“ со Фрајле

by culturalchat

„Дневник душе” е новиот албум на девојките од Нови Сад  кои се познати како „Фрајле“ (Наташа Михајловиќ, сестрите Јелена и Невена Буча), а кој ќе го промовираат на концертите во Битола и Скопје (одбележувајќи 15 години естрадна кариера, заедно со својот најнов хит, (Пријател).

Песната е посебна поради многу причини,а и поради тоа што доаѓа како еден вид осмомартовски подарок. Истата е нивна соработка со повеќе пејачи од поранешна Југославија: Сања Долежал од „Нови фосили“, пејачот од Подгорица Сергеј Четковиќ, но и нашиот Влатко Лозаноски.

Во песната „Пријател”, пеат уште и Ади Шоше од Босна и Херцеговина и Лука Баси од Словенија. За албумот  Фрајле велат дека е круна на нивната досегашна кариера .

„Да се работи со уметници како Сергеј, Ади, Лозано, Лука е универзален јазик на музиката кој како Фрајле го негуваме последните 15 години. Овој јубилеј сакаме да го споделиме со нашата верна публика, но и да одиме чекор понатаму, со нашите драги колеги. Траењето значи квалитет.  Најголем комплимент кој музичарот може да го добие е љубовта од публиката“, велат од групата „Фрајле“. Тие во Битола настапуваат на 13. март, во Скопје на 15. и за 16. и во Струмица на 17. март.

Песната може да ја чуете на следниот линк:

Related Articles