Home » Заедничка изложба на учениците од Горната гимназија со ученици од Франција

Заедничка изложба на учениците од Горната гимназија со ученици од Франција

by culturalchat

Шеесетина ученици од Македонија и Франција заедно со нивните професори изработија  изложба  посветена на 80 години од завршувањето на  Втората светска војна во Франција и Македонија. Гимназијата „Јосип Броз –Тито“  од Битола има плодна соработка и размени со повеќе училишта од неколку  европски држави, но најдолга е соработката со училиштата од Нормандија – Франција. Како и досега во изминатите 15 години, средношколските размени се поврзани со активности кои заеднички ги поврзуваат учениците од двете училишта, а најчесто се поврзани со зачувување на сеќавањата од воените години од Првата светска војна. Преку седумдневната размена, учениците развиваат интеркултурни компетенции за меѓусебно разбирање, толеранција, прифаќање на различностите во европските култури и градење на мостови на пријателства кои траат. На настанот присуствуваше и почесниот конзул на Р. Франција, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.Па така беа остварени повеќе размени на средношколци и околу 500 ученици од двете страни беа дел од овие размени. Продолжувајќи ја традицијата и соработката, во изминатата недела, гости на Гимназијата беа учениците од средното училиште „Тома Песке“ од градот Кутонс. Покрај нивното дружење, претставувањето на културата, историјата и традицијата на Битола и Македонија, ученците заедно со своите професори изработија изложба „Нормандија – Македонија“, сеќавање на ослободувањето преку фотографии“.Учениците од двете гимназии, во изминатите неколку месеци, истражуваа и изработија изложба со која беа одбележани настаните во Франција и Македонија во текот на Втората светска војна, со што се одбележа еден голем јубилеј, 80 години од истоварувањето на Нормандија и ослободувањето на Франција и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, формирањето на Македонската држава и секако и ослободувањето на Македонија. На изложбата присуствуваа гости од училиштата од  Франција и Италија.

Related Articles