Home » Италијанската монодрама „Како мало зрно песок“ изведена во Битола

Италијанската монодрама „Како мало зрно песок“ изведена во Битола

by culturalchat

На Големата сцена од Центарот за култура беше изведена претставата на Мана Чума Театарот од Калабрија регионот од Италија, „Како мало зрно песок“. Автори на истата се Салваторе Арена и Масимо Барила, режија и актер Салваторе Арена.

На 18 годишна возраст, Џузепе Гулота, млад градежен работник е уапсен и присилен да признае убиство на двајца полицајци во мала касарна во провинцијата Трапани, во Сицилија. Злосторството крие некажана мистерија: тајни служби и државници кои се занимаваат со неофашистички групи, трговија со оружје и дрога. Со цел да се прикрие молчењето, секој може да е жртвено јагне. Гулота живееше 22 години заклучен во затвор за злосторство кое не го извршил и 36 години законски пекол.

Тој никогаш не избега. Тој се бореше со исправена глава, останувајќи таму како зрно песок во пеколна спирала сè до упорно бараниот и добиен процес на ревизија кога дефинитивно беше ослободен.

Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски

Related Articles