Home » „Круг“ во режија на Јован Ристовски вечер во Прилеп

„Круг“ во режија на Јован Ристовски вечер во Прилеп

by culturalchat

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се одржа прес конференција на која беше најавена премиерата на претставата „Круг“ во режија на Јован Ристовски, што ќе се одржи вечер од 20.00 ч. Претставата е работена по текстот на Едвард Олби „ Дамата од Дебјук“. Во истата играат: Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓоргиевски, Марија Илијеска. За сценографијата и изборот на музика се погрижи Јован, а костимографијата е на Андреј Ѓоргиевски.

„Претставата е трагикомедија која влегува во надреализам и говори за распад на еден брак, семејство, заедница, општество. Зборува за тоа дека луѓето се направени себични, безобзирни и дека човештвото се наоѓа на раскрсница и треба да се испитаме- каде одиме“, истакна на прес конференцијата режисерот Ристовски.

На истата покрај режисерот зборуваа Јасмина Мицовска Станкоска, в д. директор на Центарот, актерите Даниела Иваноска и Игор Трпчески и драматургот Лидија Митоска Ѓоргиевска.

Related Articles