Home » „Магија“ во нова верзија со Јован Јованов и Христијан Настески Пајак

„Магија“ во нова верзија со Јован Јованов и Христијан Настески Пајак

by culturalchat

Во периодот кога популарни беа поп-групите „Бекстрит бојс“ и „Енсинк“ во деведесеттите години, на македонската музичка сцена се појави групата „Магија“.

Шармантната четворка, која ја сочинуваа Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев, ја освои младата публика во Македонија и за брзо време станаа едни од најпопуларните изведувачи кај нас во тој период.

Нивната истоимена песна „Магија“, со која победија на фестивалот „Макфест“ во 1998 година, стана своевиден евергрин, којшто се слуша и ден-денес.

По преработката од 2007 година, кога Јован Јованов ја преработи „Магија“ со Адријан Гаџа и Раде Врчаковски – Врчак, сега песната доби нов ремикс, со нов и модерен звук. Овој пат, Јованов направи дуетска верзија на песната со најпопуларниот македонски рапер Христијан Настески – Пајак.

„ Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови песни за во иднина“, вели Јованов. Новата преработка има сосема нов аражман, а целата продукција е направена од страна на Иван Јованов – Ивајо.

Related Articles