Home » Фотографот Сашо Ставрев ја претстави изложбата „Битолски естрадни скици“

Фотографот Сашо Ставрев ја претстави изложбата „Битолски естрадни скици“

by culturalchat
Во фоајето на Националната установа Центар за култура во Битола, беше отворена изложбата на фотографии на фотографот Сашо Ставрев. Со наслов „ Битолски естрадни скици“ посетителите имаа можност да погледнат дел од богатото творештво на Ставрев. Тој истакна дека во Битола има многу настани кои го мотивирале за изложбата, а сите фотографии се само од битолчани . На изложбата зборуваа и професорот Александар Стерјовски, како и фотографот Петар Ставрев. Сашо Ставрев е роден во Битола во 1970 година. По завршувањето на високото образование, ја продолжува големата љубов кон естрадните настани и со фото апаратот и камерата, регистрира голем број на манифестации кај нас и во други земји. Овие фотографии се само дел од неговиот богат опус кој досега е презентиран и низ повеќе од 30 фото изложби, за кои има добиено голем број на награди. „Благодетите од естрадните настани будат пријатни спомени кои емоционално понекогаш остануваат незаборавни. Со нив се поттикнува творештвото, енергијата, се јакне духот и моралот. Нека овие естрадни скици ја зајакнат вашата љубов кон нив, како што јас ја негивав желбата за да ги оттргнам засекогаш од заборав“, истакна Сашо. Изложбата која се одржа во рамките на Бит фест ќе биде изложена една недела во фоајето на Центарот за култура.

Related Articles