Home » „Маскенбал“-нов видео запис на Влатко Лозаноски

„Маскенбал“-нов видео запис на Влатко Лозаноски

by culturalchat

Сите што се чуствуваат осамено и изморено, без сомнеж, ќе се пронајдат во најновата песна на музичката ѕвезда Влатко Лозаноски -Лозано. Неговата нова песна носи наслов „Маскенбал“, на која како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски.

„Маскенбал“ доби и свој видеоспот, а за неговите потреби Лозано и неговиот тим отпатуваа во Италија, поточно во преубавата Венеција, каде што три дена траеше снимањето. Како режисер на спотот се потпишува долгогодишниот соработник на Лозано, режисерот Даниел Јовески.

„Кога ја слушнав демо снимката што ми ја испрати продуцентот Лазар, веднаш забележав нешто магично во мелодијата. Тие ноти, како да летаат низ воздухот, отидоа во мистичен свет на моите фантазии, секој звук беше како далечен шепот, но таа далечина беше Венеција. И затоа како работен наслов на сценарио за „Маскенбал“ на листот напишав локација „Венеција“ и започнаа подготовките. Како режисер на видеото избрав да се снима „Маскенбал“ во Венеција, а не во кој било друг град низ светот каде што има илјадници други карневали – поради што оваа мистериозна градина со маски ни овозможува да запловиме длабоко во себе, да ги истражуваме темните агли на сопствената душа и да се запрашаме: Кое е вистинското лице зад маската?“, истакна за порталот Порта режисерот Јовески.

За овој видеоспот беше изработен специјален костум, а го изработи познатиот моден дизајнер Андреј Папаз.

Песната може да ја слушнете на следниот линк:

 

Related Articles