Home » Мирјана Карановиќ доаѓа во Битола со претставата „Марлен Дитрих – петте точки на обвинението“

Мирјана Карановиќ доаѓа во Битола со претставата „Марлен Дитрих – петте точки на обвинението“

by culturalchat

Покрај претставата во Скопје, претставата ,,Марлена” на Сараевскиот народен театар, на лично барање на една од најголемите југословенски актерки, Мирјана Карановиќ, премиерно ќе гостува и во Битола, на 3-ти март во Центарот за култура.Гостувањата во Македонија се во организација на Авалон продукција.

Претставата во режија на Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, „Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“ (Марлен Дитрих 5 точки од обвинението), ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал ,,Mittelfest”, а на 3ти март ќе се одржи ексклузивна премиера во Битола.

„ За сите нас, Марлен Дитрих е уметничко и етичко обележје на една исклучително надарена, паметна и емотивна жена која не само што беше пред своето време, туку и во тоа време на радикално зло, знаеше како да го најде тој пат што нè импресионира“, беше истакнато на прес конференцијата во Сараево.

Покрај тоа што беше актерка, Марлен Дитрих беше социјално и политички ангажирана, давајќи му само добро на општеството. За Мирјана Карановиќ, портретирањето на ликот на таква жена било изненадување, но на актерката и се допаѓале ваквите предизвици.

Мирјана Карановиќ, која е и филмска режисерка и сценаристка, се смета за една од најдобрите српски и југословенски актерки на сите времиња. Меѓу другото, доби номинација за Европска филмска награда за најдобра женска улога за филмот „Грбавица“.

Влезниците се веќе во продажба, онлајн и на  билетарницата на Центарот за култура.

Related Articles