Home » Многу музика и нови песнички за 28.издание на детскиот фестивал Си-До

Многу музика и нови песнички за 28.издание на детскиот фестивал Си-До

by culturalchat

Со препознатливата за сите генерации песничка „Си до, до ре ми“, започна и годинешното 28-мо по ред издание на детскиот фестивал Си-До. Многу музика, пеење, дружење, беа дел од оваа традиционална музичка манифестација која секоја година се одржува во Центарот за култура. Директорот на фестивалот Дарко Шерденков задоволен од годинешното издание. Оваа година имаа 20 учесници од кои 18 од нашата држава и 2 од соседните држави.Овој прекрасен настан е белег на градот Битола, еден бренд кој е дел од детската култура, низ кој поминале многу генерации. Секој наш граѓанин има некаков дел и бил дел од овој фестивал. На фестивалот зборуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„Си -До“ има значајно место во културниот живот на градот, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите. Сите фестивалски програми во Центарот за култура беа максимално посетени и оваа година се почувствува детската насмевка, препознатливата еуфорија која е карактеристична за нашиот град за време на фестивалот.На сцената беше и Си-До детскиот хор, кловнот Заги, танцовите групи на Expose,  StepUp и Спартакус и водителката која долги години е дел од Си До, Маја Андоновска Илијевски. Во сите изминати години, продефилираа над стотина деца годишно како солисти така и членови на детскиот фестивалски хор. Кирјана, 2 Андреи, Мила, Димитриј, Сара, 3 Марии, Тамара, Николај, Ева, Ана, Матеја, Ведрана, Нина, Јована, Максимилијан, Божидара, Ивона, беа ѕвездичките оваа година. Годинешното издание на „Си До“ се одржа под мотото „28 години пееме заедно“. Сите генерации се собраа на едно место, се почувствува еуфоријата и радоста на многу мили деца во салата на Центар за култура Битола. Повторно одекна детскиот џагор и детската песна во Битола. Фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и  Општина Битола.

Related Articles