Home » Најновиот албум на Симон Трпчески „Пријателство“во издание на Лин Рекордс

Најновиот албум на Симон Трпчески „Пријателство“во издание на Лин Рекордс

by culturalchat

Издавачка куќа „Лин Рекордс“, по големиот интернационален успех на албумот Македонисимо и ЦД-то на кое Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, соошти дека и претстојниот нов албум на Трпчески ќе биде издаден од нив, а сега може да се порача преку нивната страна.

Најновиот албум е со наслов „Friendship“, („ Пријателство“) и го содржи Квартетот за пијано на Брамс бр. 3 во c-moll, тука е и фантастичниот нов аранжман на „Дивертименто“ на Конесон и триумфалниот квинтет на Панде Шахов. Овој дигитален албум ќе биде објавен на 21. април. ЦД- то ќе излезе во ноември, а делата од истото во живо ќе бидат изведени во Лондон, како дел од сезоната на Лондонскиот симфониски оркестар 2023/24. На концертот Симон ќе ги изведе Брамсовите концерти за пијано 1 и 2 во декември во салата Барбикан. Под капата на оваа издавачка куќа излезе и албумот на Трпчески со наслов „Варијации“, со дела од Моцарт, Бетовен. Тука се и Брамсовите варијации од неговата рана фаза на тема од Шуман, а целиот албум завршува со познатите 32 варијации на Бетовен напишани на своја оригинална тема. Токму со излегувањето на „Македонисимо“ започна соработката на Трпчески со престижната британска издавачка куќа Лин Рекордс.

Related Articles