Home » Одбележан Меѓународниот ден на биолошката разновидност

Одбележан Меѓународниот ден на биолошката разновидност

by culturalchat

По повод Меѓународниот ден на Биолошката разновидност во просториите на НУУБ “СВ. Климент Охридски“ – Битола беше реализирана работилницата со  наслов “Природа убавина”, на која присуствуваа учениците од четврто одделение од О.У. „Гоце Делчев“ – Битола со своите наставнички.

На настанот гости беа Петар Ставрев – новинар и Сашо Ставрев – фотограф и двајцата   љубители на природата, кои успеаја на еден начин да им ги доловат наједноставните и најважните делови за заштита на природата, а посебно растенијата, животните, водата и сето тоа поддржано со слики, звуци од природата, растенија од природата (посебно лековити растенија) и слајдови на кои меѓу другото учениците се запознаа и со водата и заштитата на цела флора и фауна во природата.

Со тоа учениците целосно се запознаа со биолошката разновидност и се извлече заклучок дека кон природата треба да се однесуваме како со скапоценост која не ни е дадена само нам, туку ние треба да ја чуваме и негуваме за идните генерации.

Работилницата ја реализираше библиотекарката Јасминка Кочевска.

Related Articles