Home » Одбележување на Денот на пијаното викендов во Битола

Одбележување на Денот на пијаното викендов во Битола

by culturalchat

На 25-ти март, во Културно информативниот центар Битола, ќе со почеток од 12 часот, ќе се одржи спектакуларен Пијано Викенд во чест на прославата на Денот на пијаното, со учество на 50 млади музички таленти од 8 музички училишта низ државата.

„Ден на пијаното“ е светски настан, со кој му се посветува внимание на пијаното. Бидејќи клавирот, по правило, има 88 клавиши, настанот се случува на 88-от ден од годината. „Ден на пијаното“ е настан за промоција на млади пијанисти, нови звуци, млади и иновативни македонски и странски композитори. Настанот е инициран од германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам. Тоа е ден, кој не е посветен само на познатиот уметник од Берлин, туку и на прекрасниот инструмент со клавијатура. На денот на настанот во целиот свет љубителите на пијаното посетуваат и организираат концерти.

На овој концерт во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО, ќе земат учество педесет млади пијанистички надежи, ученици од 8 музички училишта низ државава и тоа : ДМУ – Битола, ООМУ “Ордан Михајлоски Оцка” – Прилеп, музичкото училиште “Пијанофорте” – Скопје, ООМУ “Стефан Гајдов” Велес, ООМУ “Васо Карајанов “– Гевгелија, ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ Кавадарци ОМУ “Методи Патче” – Охрид и ДМУ “Тодор Скаловски – Тетоец “Струга.

Настанот ќе биде уникатен и спректакуларен бидејќи оваа година тој е збогатен со предавањето на психолог Нина Тасевска на тема “Улогата на наставникот во надминување на психолошките предизвици при јавен настап”, тема која што е атрактивна и не е многу експлоатирана во темите и дебатите во музичкиот сцет, а е од големо значење во музичкиот развој на секој музичар. Освен предавањето, екслкузивно и премиерно ќе настапи трио “Трифоника” – пијано 6 раце, кое што е единствено трио според својот состав во овој дел од нашата држава.

На 25.05.2023 ( сабота ) организаторите очекуваат полна сала од која што ќе зрачи позитивна енергија и убава атмосфера која ќе им предизвика неверојатно чувство на возбуда и среќа на учесниците и присутните, а целта на настанот освен прославата на Денот на пијаното е и дружење, споделување искуства, како и заедничко музицирање на младите таленти од целава држава, бидејќи ова е уникатен празник за музичкиот свет, а посебно за пијанистите. Тоа е повод кој треба да се слави од повеќе причини, но најмногу поради радоста што ја носи прославата за пијаното како еден од најпопуларните и најомилени инструменти кај изведувачите, композиторите и како најважни – кај слушателите.

Целиот настан ќе заврши со доделување на мали подароци, дипломи за учесниците, благодарници за училиштата, како и желба за што повеќе настани и соработки од овој тип. Настанот е поддржан од Општина Битола, до која организаторите упатуваат голема благодарност. Веб дизајн на плакат- ликовен уметник Васко Ѓоргиев.

Бидете и вие дел од овој уникатен настан , сабота, 25.03, од 12 часот, Културно информативен центар Битола.

 

 

Related Articles