Вонвременската балетска претстава „Оревокршашка“ од Петар Илич Чајковски повторно ги воодушеви присутните на двете изведби во Македонската опера и балет. Кореограф е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, адаптацијата е на неговиот сонародник Михаил Крапивин, додека сценограф е Анатолиј Нежњи.
Костимограф е Љупка Ристовска. Репетитори : Горан Божинов, Александра Мијалкова, Билјана Пашариковска, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска. Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска-Шокаровска (Клара) и Франциско Хименес Руиз од Шпанија (Принц). Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл при Македонската опера и балет и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Во улоги на малата Маша- Мила Николова, Pas de trois – Јана Кепеска, Веда Анѓушева, Виктор Христовски.
Балетот „Оревокршачка” е волшебна, новогодишно-божиќна бајка, која секогаш ја воодушевува публиката.