Home » Потпишан Меморандум на соработка помеѓу Битолската библиотека и Здружението на лица со телесен инвалидитет

Потпишан Меморандум на соработка помеѓу Битолската библиотека и Здружението на лица со телесен инвалидитет

by culturalchat

На 12. март 2024 година, директорот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен „Мобилност Битола“ со седиште во Битола, застапувано од претседателот прим. д-р Нико Јанков. „ Библиотеката со години работи на еднакви можности за сите лица кои живеат во нашиот град, а имаат некој вид на потешкотии. Со овој меморандум, нашата библиотека и здружението само ја потврдија соработката“, истакнаа од Библиотеката.

Дел од активностите предвидени со меморандумот се: – взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата; – учество, соработка и реализација на заеднички проекти; – одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.; работилници за уметност и занаетчиство, промовирајќи ја креативноста и само изразувањето; – часови со приказни за деца кои се фокусираат на теми за инклузивност, различност и прифаќање и уште голем број активности кои можат да се реализираат взаемно во просториите на библиотеката.

Related Articles