Home » „Пред дождот“ инспиративен филм за актерката Глен Клоуз

„Пред дождот“ инспиративен филм за актерката Глен Клоуз

by culturalchat

Актерката Глен Клоуз во промотивно видео пред оскаровската церемонија истакна дека би ја посетила Македонија поради филмот „Пред дождот“ на режисерот, Милчо Манчевски. Имено во видеото во кое филмските уметници се интервјуирани кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја, актерката го избра токму македонскиот култен филм.„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар. Многу работи се случувале на таа почва. Никогаш не излезе од моите мисли“, рече Клоуз.Инаку, филмот „Пред дождот“ годинава одбележува 30 години откако излезе во 1994 година. Најуспешниот македонски филм на сите времиња е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција, а беше номиниран и за Оскар.

Изјавата на Глен од 1.51 минута:

Related Articles