Home » Презентирана изложбата „Везовите на Македонија“ во Битола

Презентирана изложбата „Везовите на Македонија“ во Битола

by culturalchat
Во Завод и Музеј – Битола, отворена беше изложбата “Везовите на Македонија“ во рамките на 53. издание на фестивалот “Илинденски денови“. Изложбата е поставена во соработка со НУ. Музеј на Македонија – Скопје, а на отворањето зборуваше директорката на Центар за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски која истакна: „ Оваа изложба според зборовите на директорот на музејот е најшетаната изложба која била изложена низ цела Европа и посетила и неколку прекуокеански земји. За прв пат ја имаме во Битола, и дефинитивно е една од изложбите кои не смеат да се пропуштат“. На отворањето зборуваше и директорот на НУ Музеј на Македонија – Скопје, Илија Цурев. Македонската везилка преку везовите, ја изразувала својата распнатост помеѓу емоциите и секојдневниот живот, како: љубовта, осаменоста, тагата поради минливоста на животот, стравот од смртта, желбата да се открие мудроста на животот и да се извлече она најубавото од него, за да се почувствува сета полнота и убавина на живеењето. Преку нив, таа ги раскажала своите најдлабоки чувства, ја везела својата животна приказна проткаена со среќа и тага, со болка и радост, копнеж и надеж, одважност и храброст, стравови, сомнежи и јанѕи, чувства коишто постојано се испреплетувале и се испреплетуваат во секој човек. Изложбата ќе биде отворена за посети до 31.07.2023 во малата сала на Завод и Музеј во Битола.

Related Articles