Home » Изложба на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј во Софија

Изложба на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј во Софија

by culturalchat
По повод Меѓународниот ден на детето О1.О6. во Министерството за надворешни работи на Република Бугарија гостува специјалната изложба поставена под мотото: “Од децата за децата од целиот свет” од Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј од Битола.
Изложбата е реализирана во соработка на Државниот културен институт при Министерството за надворешни работи на Република Бугарија заедно со Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и Културно – информативниот центар на Република Бугарија во Скопје кои се партнери организатори заедно со Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј од Битола – Мал Битолски Монмартр.
Во периодот од О1.О6. – 29.О7. ќе бидат презентирани 6О детски ликовни дела од 14 земји кои се селекција од 4О детски ликовни колонии ( кои веќе 41 година се реализираат во периодот од 23 – 3О.О5), а на тема архитектура која е сликана во Битола – Охрид – Крушево и Вевчани.
Сите млади автори се ликовни уметници кои се наградени со златни медали. Вечер ќе бидат претставени дела од млади ликовни уметници од Романија – Кина – Малезија – Тајланд – Турција – Бугарија – Украина – Македонија – Србија – Словачка – Индија – Албанија – Египет и Полска.
Официјалното отворање е на О1.О6. со почеток од 17 часот, на кое освен преставници на галеријата & колонијата ( Претседателот Елена Хаџи-Антоновска – Проект менаџерот Славчо Неделковски и Ликовниот педагог Ангела Каранфилова ),  ќе се и претставници од дипломатските претставништва во Софија како и претставници на амбасадата на Република Македонија и Културниот Центар на Македонија во Софија.
Изложбата ќе може да се погледне во Министерството за надворешни работи на Република Бугарија до 29.О7.

Related Articles