Home » Премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија во Битола

Премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија во Битола

by culturalchat

Во четврток на 12.10.2023 год.со почеток во 20.00 ч. во НУ Центар за култура Битола, вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“ ќе има своја премиера пред битолската публика.

На премиерата ќе присуствува дел од екипата на филмот.

Актерска екипа: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.

Македонската кинематографија на годинешниот филмски фестивал „Берлинале“ беше претставена од 2 филмови, еден од нив беше токму „М“.

Филмот на Тозија  е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски.

Продуцент на „М“ е Фокус покус филмс од Скопје, а филмот е официјална копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Овој филм е добитник на главната награда на Works in Progress (Филмови во изработка) во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Пула, Хрватска.

Проекциите на филмот ќе бидат во големата сала:

Четвр. 12.10.2023. 20:00

Петок 13.10.2023. 22:00

Сабота 14.10.2023. 20:00

Понед. 16.10.2023. 20:00

Вторник 17.10.2023. 20:00

Среда 18.10.2023. 20:00.

 

Related Articles