Home » Промоција на книгата „Железно небо“ на Марјан Георгиевски на Саемот за книга

Промоција на книгата „Железно небо“ на Марјан Георгиевски на Саемот за книга

by culturalchat

Под слоганот „Приказна се чита“ деновиве се одржува 36. издание на Саемот на книга што ќе трае до 24 април во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Организаторите најавија присутво на 60 издавачи од Македонија и од регионот, триесетина промоции на нови книги, панел-дискусии, како и гости од пет земји. Оваа година „Арс Ламина“ на посетителите ќе им понуди над 1.000 изданија, попусти до 80 % на најбараните наслови, книги за 60, 100, 150 и 200 денари, како и многу саемски новитети – интернационални бестселери, сликовници и книги за деца. На програмата се промоции на книги, потпишување и дружба со авторите, како и работилници за деца.

Па така во недела 21.04 популарниот актер и стендап-комичар Марјан Георгиевски ќе ја промовира својата прва книга „Железно небо“, во 18 часот, на штандот на „Арс Ламина“. Промотор ќе биде Димче Николовски. Романот има седум наративни епизоди, седум поглавја, седум љубовни двојки… Тој функционира како еден вид „никогаш неснимана серија“, како средба со нашите најинтимни слики, звуци, искуства и доживувања. Како можна функција на нашата неможна стварност. Или обратно.

 

 

Related Articles