Home » Раде Стаматов направи нов аранжман на песната „Те видов и се заљубив“

Раде Стаматов направи нов аранжман на песната „Те видов и се заљубив“

by culturalchat

Познатиот битолски и македонски поп-музичар Раде  Стаматов за слушателите на добриот музички звук, а во соработка со пејачката Милена Стојановиќ, ја промовираа обработката на песната „Те видов и се заљубив“.

Стаматов беше задолжен за новиот аранжман, монтажата е на Аница Мишковиќ, продуцент Саша Драгиќ, фотографија Небојша Бабиќ. Пејачката Стојановиќ за новиот проект истакна дека е соработка на македонски и српски музичари и композитори, а за песната дека е една од најубавите македоснки песни.

Стаматов го препознаваме како дел од групата „Гром“. Освен што е синоним за врвен гитарист, исто така е композитор, текстописец, аранжер и вокал. „Каде си ти?“, „Сара“, „Љубовта е само сон“, „Чудни времиња“, „Еј, појави се“, „Вики“, „Македонски денс“, се само дел од мелодиите на Раде кои останале како евергрини низ годините на македонската музичка сцена. Минатата година тој настапи на Фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ со песната „Пеам за тебе“.

Песната може да ја преслушате на следниот линк:

 

Related Articles