Home » Стоечки овации за операта„Валкира“ на 52.Мајски оперски вечери

Стоечки овации за операта„Валкира“ на 52.Мајски оперски вечери

by culturalchat

„Валкира“ на софиската опера и балет ја крена на нозе полната сала на Македонската опера и балет во Скопје. Четиричасовната изведба, во режија на Пламен Карталов, беше претставена во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ , а меѓу присутните беше и претседателката на државата, Гордана Сиљановска.Тим од повеќе од 130 бугарски солисти, оркестарот и балетот дојдоа во македонскиот главен град и предизвикаа огромен интерес – салата беше целосно распродадена.Гостувањето на спектакуларната епска музичка драма „Валкира“, од прочуениот германски композитор Рихард Вагнер, во продукција на Софиската опера и балет е реализирано партнерски меѓу македонското и бугарското министерство за култура. Постановката на „Валкира“ ја режираше Пламен Карталов, кој воедно е и директор на Софиската опера и балет, а со оркестарот диригираше маестро Еван Алексис Kрист од САД, сценограф Ханс Кудлич, а костимите се на Кристијан Михалева-Зорбалиева.Македонската опера и балет во септември ќе гостува во Софија.

 

Related Articles