Home » Презентирана изложбата “5 години Џез Фестивал во Битола“

Презентирана изложбата “5 години Џез Фестивал во Битола“

by culturalchat

Со изложбата “5 години Џез Фестивал во Битола“ на авторот Даниел Ѓурчиновски, се отвори шестото издание на Џез Фабрика Фестивалот – Битола 2023.

Изложбата која беше презентирана во Кристалната сала на Културно информативниот центар, е во рамките на споредната програма на фестивалот.

„Даниел е нашиот идеен творец, дел од тимот кој го создаде фестивалот и секако наш арт директор“, истакнуваат организаторите на фестивалот. Изложбата е и во рамките на годишната програма на ЈОУ КИЦ Битола и истата содржи автентични фотографии од музичките настапи на џез музичарите кои во изминатите пет години настапиле на битолскиот џез фестивал „Jazz factory fest“.

Ѓурчиновски е официјален фотограф на Џез Фабрика Фест и се погрижи и за изгледот на годинешниот плакат на фестивалот.

Музичката програма оваа година ќе се одржи од 13 -ти до 15- ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство.Фестивалот ќе биде отворен со настапот на Баба Сисоко од Африка, Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија.

Фотографии : Студио Карали Битола.

Related Articles