Home » Се одржа работилницата „Еднакви можности – образование за сите“

Се одржа работилницата „Еднакви можности – образование за сите“

by culturalchat

На ден 21.06.2023 година во просториите на „СУМНАЛ“ – Битола се одржа работилница од страна на д-р Анита Ангелевска, координатор за еднакви можности на Општина Битола на тема „Еднакви можности – образование за сите“.

На работилницата Ангелевска го предочи фактот дека образованието е еден од начините за остварување личен развој и изградба на односите меѓу поедици, групи и народи, па поради тоа многу е значајно да му биде посветено доволно внимание. Во однос на еднаквите можности помеѓу мажите и жените неопходна е посветеност на подобра професионална кариера на жената преку обезбедување квалитетно и еднакво достапно образование за сите.

За жал светските статистики укажуваат на податокот дека околу 2/3 од вкупното неписмено население се жени. Тоа укажува дека сеуште постојат тешко премостиви препреки за остварување на половата еднаквост и образование за сите, а значењето на образованието на жената  е огромно за економскиот и социјалниот развој на секоја земја, град, заедница.

Оттаму, општина Битола ги вложува сите напори да обезбеди еднаков пристап до образованието, обуката, науката, во рамиите на своите надлежности. Правото на образование е основно човеково право и е клучно за економската сигурност и одржливиот развој, а образованието на жената е во директна корелација со нејзината кариера и заработувачка. Родовата еднаквост е глобален приоритет на УНЕСКО. Иако е постигнат голем напредок, сепак постојат големи родови разлики во образованието во многу области, најчесто на сметка на девојчињата, иако во некои региони момчињата се во неповолна положба на глобално ниво, 118,5 милиони девојчиња и 125,5 милиони момчиња не посетуваат настава.

Родовата еднаквост во образованието влијае и на спречувањето на насилството врз жените и девојчињата. Тоа е од суштинско значење за економскиот просперитет, а заедниците (општествата) кои ги ценат жените и мажите како еднакви се побезбедни и поздрави. Родовата еднаквост, исто така, се вбројува во основните човекови прави.

„Од реалната ситуација во општина Битола, се потврдува дека од вкупниот број ученички и ученици Роми во основното и средното образование, поголем е бројот на девојчиња Роми од момчиња Роми, кои посетуваат редовна настава “- рече Ангелевска. Предавањето е дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ е иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

 

Related Articles