Home » Учениците учат како се одбележува празникот Бајрам

Учениците учат како се одбележува празникот Бајрам

by culturalchat
НУУБ. „Св.Климент Охридски“ – Битола, Француската Алијанса од Битола и ООУ “Даме Груев“ – Битола заеднички го одбележаа празнувањето на празникот Бајрам.
 Во претходниот период учениците учеа како се прославува католичкиот и православниот Велигден.
Верниците од муслиманска вероисповед  го одбележуваат-  слават Рамазан-Бајрам.
Учениците Леона и  Армандо подготвија презентација за празникот.
Празникот се слави три дена и почнува токму по завршувањето на постите, со што се означува крајот на месецот Рамазан, во кој муслиманите постеа, односно не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце.
Тоа е деветтиот месец во исламскиот календар и го означува почетокот на објавата на светата книга за муслиманите, Куранот.
Почит кон постарите и подароци за децата.
Овој ден муслиманските верници го започнуваат со молитва во џамија. Потоа, обичајот е да одат на гробишта за да ги посетат гробовите на претците и на блиските. Кога цело семејство ќе се собере дома, почнува меѓусебното честитање на Бајрамот.
Обичајот е празникот прво да им се честита на најстарите, а потоа на другите.
По честитањето во кругот на семејството се оди на честитање на постарите роднини и пријатели ако живеат во истиот град или село.Помладите секогаш одат кај постарите.
Честитките се реализираат и преку телефон и преку социјалните мрежи на интернет.
Бајрамот е, исто така, време на помирување на скараните, на бакнување рака на постарите.
На празникот најмногу се радуваат децата бидејќи добиваат голем број подароци, но и нова облека и играчки. Децата добиваат слатки кога и да заѕвонат на ѕвончето на кој било дом.
За славењето на денот се приготвуваат и се служат традиционалните бајрамски јадења (бајрамско месо, аландити и баклава).
Помош за сиромашните и осамените.
Целта на Бајрамот е сите да се потсетат на сиромашните, на децата без родители и на осамените, но и да се најде начин да им се овозможи овој ден да го поминат достојно.
Хуманоста е една од главните димензии што го отсликуваат празникот.
За реализирање на настанот помогнаа и наставничките Билјана Додовска Горгиев и Соња Кондовска.

Related Articles