Home » 16 години без Тоше Проески

16 години без Тоше Проески

by culturalchat

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред шеснаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Тој загина на возраст од 26 години. Неговиот музички талент се појави во раното детство. Основно и средно музичко училиште заврши во Битола.

Четири години по првиот настап на Златно славејче, следуваше учеството и првата фестивалска победа на тин-фестивалот Мелфест во Прилеп, каде што пред присутните пее песна од Битлси. Во 1997 година дебитира на Макфест со темата “Пушти ме, а веќе следната година настапува и на Скопскиот фестивал со “Остани до крај”. Во 1999 година на музичкиот пазар се појавува неговиот деби албум насловен “Некаде во ноќта”. кој содржи единаесет песни. Летото истата година, Тоше го одржа својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, останува незаборавен за неговите обожаватели. Подемот на кариера на Тоше Проески започнал по изведбата на песната ,,Твоите бакнежи на моите бели кошули” на Скопскиот фестивал во 1999 година. Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њуjорк кој во својата кариера е и учител на Лучиано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза, а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор. Следната година МРТ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се одржува во Истанбул, Турција. Во февруари,избрана е песната „Ангел си ти“. Во април Тоше го издава албумот „Ден за нас”, двојно це-де на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија. Следниот месец, Тоше го освојува 14тото место со песната „Life”, англиската верзија на „Ангел си ти”.

Во 2007 година, Тоше го издава и „Игри без граници“, неговиот последен албум.

Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) одржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.

Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, бил прогласен за Ден на национална жалост.

Related Articles