Home » „Биди малку смела“-мотивациски работилници во Битола

„Биди малку смела“-мотивациски работилници во Битола

by culturalchat

БИДИ МАЛКУ СМЕЛА креира “сигурен простор” кој иницира будење на сочувство и меѓусебна поддршка на девојките и жените.  БИДИ МАЛКУ СМЕЛА е потсетување дека уметноста ја менува перцепцијата, таа не е украс туку инспирира на промислување, саморефлексија, ја канализира енергијата и ја трансформира во креатива.

БИДИ МАЛКУ СМЕЛА започна со мотивациски работилници кои мотивираат да ѕирнеш во себе и креативно преку визуелни уметности, нежно и смело поттикнуваат на самоистражување, спознавање на личните бунтови и стравови и нивно преточување во став и конструктивна визуелна уметност. Визионерката на БИДИ МАЛКУ СМЕЛА е Ангела Христовска – визуелен уметник. Гостинка на овие работилници беше Катерина Ангеловска – автор, советник за личен развој, учител по Mindfulness (свесна) медитација, Реики мастеренергетски терапевт, мотивациски говорник.   Здружението на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола го реализира проектот Биди малку смела кој е поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес.

Related Articles