Home » Гран При на “Мал Битолски Монмартр” за Хонг Конг [ Кина ], “Карлаварис”, “Хаџи-Антоновски” и “Вешиќ-Ралевиќ” доделени на Индија – Јапонија и Турција

Гран При на “Мал Битолски Монмартр” за Хонг Конг [ Кина ], “Карлаварис”, “Хаџи-Антоновски” и “Вешиќ-Ралевиќ” доделени на Индија – Јапонија и Турција

by culturalchat
Meѓународната жири комисија при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на 21 Март 2О23 година ги донесе одлуките за доделување на највисоките награди за 41. издание на светската детска ликовна изложба и конкурс “Битола”. На светскиот детски ликовен конкурс кој траеше во периодот од 20 септември 2О22 година до 20 февруари 2О23, комисијата констатираше дека пристигнаа над 650 пратки од приватни и државни училишта од цел свет – поточно од 71 држава што пак генерираше фонд од 44.000 детски ликовни цртежи. Meѓународната жири комисија му предложи, а Управниот одбор на Детското ликовно студио ги усвои следните награди и нивните добитници:
  • Почесната награда “Проф. Коста Хаџи-Антоновски” која се доделува за значаен придонес кон светската промоција на детското сликарство и кон промоција на младите ликовни уметници и таленти се доделува на градот Чигасаки – Канагава – Јапонија,
  • Почесната награда “Проф. Светлана Вешиќ – Ралевиќ” која се доделува за прв пат а се однесува за најдобар педагошки пристап на светско ниво во работата со младите ликовни уметници и таленти се доделува на ликовниот педагог господин Вејсел Аџар – Трабзон – Турција,
  • Почесната награда за животно дело за 2О23 година “Проф. Д-р. Богомил Карлаварис” која се однесува за целокупниот работен век на ликовен педагог при работата со млади ликовни уметници и таленти се доделува на ликовниот педагог госпоѓа Киран Кансара – Вадодара – Индија,
  • Гран При – највисокото признание за 2О23 година се доделува на “Simply Art” – Хонг Конг – Кина.
Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со ова генерираше покани кон 25 школи – тимови од 22 држави од светот кои ќе земат учество на 42 издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” која традиционално ќе се одржи во Битола во периодот од 23 – 3О мај а на која ќе се натпреваруваат екипи од: Хонг Конг [ Кина ] – Израел – Турција – Бугарија – Србија – Индија – Словачка – Полска – Албанија – Романија – Хрватска – Босна и Херцеговина – Јапонија – Тајланд – Малезија – Русија – Украина – Унгарија – Црна Гора – Португалија и Северна Македонија. До сега учеството го потврдија над 100 гости – учесници. Воедно листата на поканетите школи ќе биде детално објавена на веб страницата на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола www.smallmontmartreofbitola.com Резултатите по основa на освоени награди од светскиот детски ликовен конкурс “Битола” ќе се објават во средината на април 2О23 година.

Related Articles