Home » Групата Марифет ја промовираа својата прва авторска песна „Правите боеми“

Групата Марифет ја промовираа својата прва авторска песна „Правите боеми“

by culturalchat

Групата „Марифет“, повеќегодишното постоење на музичката сцена го заокружуваат со нивната прва авторска песна “Правите боеми”, спакувана со спот во кој е преточена приказната на боемскиот живот од песната, делување и влијанието на боемите во опшественото живеење во средината на минатиот век. Во спотот е опфатен убавиот и разновиден амбиент од градска архитектура на градот Крушево. Музиката и аранжманот се на Киро Гаралоски, текстот го напиша Дуле Темелкоски/Киро Гаралоски.

Песната е снимена во МТ студио на Мендо Ташкоски. Гости во песната: Игор Милевски-виолина, Рубин Димкоски-бузуки, Мендо Ташкоски-хармоника. Видео спотот го изработија: Александар Пауноски-продукција и режија, Кристијан Теодоров-директор на фотографија, Дуле Јанев-асистент на камера и дрон, Марта Дојчиносвка-костимограф, Николина Шапе-шминка. Во реализација на спотот беа вклучени и статисти и институции кои дадоа посебен придонес, Никола Трајановски, театарот Војдан Чернодрински од Прилеп, галеријата Никола Мартиноски, Благојче Нане, Теодор Николоски, Петар Донку, Вангели Петрушу, Нико Доага, ученици од ООУ„ Никола Карев“ – Крушево.

Related Articles