Home » Два концерти на Каролина Гочева во март во Скопје

Два концерти на Каролина Гочева во март во Скопје

by culturalchat

Каролина Гочева ќе одржи два концерти на 1-ви и 2-ри март во Скопје, со најубавите песни од нејзината кариера.

„Датумот на концертот е симболично избран, поради нејзината песна „1 март. Тој датум одамна е празник во Македонија. Го викаат денот на Каролина. А, ние секогаш ги знаевме вашите желби, уште пред да ги помислите“, објави „Авалон продукција“.

Поради тоа, после толку време, со обострана желба за заемна дружба, решиле конечно да организираат дружење со Каролина и нејзините фанови токму на ,,Први март” и во форма на двочасовно патување и ,,Best of” пресек на нејзината кариера во ноќниот клуб Pure – местото кое изминатиов период ги угости Џибони, Бајага, Прљаво Казалиште.

Нејзината песна „1 март“,  е дел од албумот „Во заборав“, кој излезе во 2005. Ова е четвртиот албум на поп-пејачката и се смета за еден од нејзините најуспешни. Влатко Стефановски, Калиопи, Џибони, Златко Ориѓански, Дарко Димитров, Весна Малинова, Младен Марковиќ, Бајага и Дино Мерлин се дел од авторите на песните.

 

Related Articles