Home » Доделени наградите од конкурсот „Танцот на глаголицата и кирилицата“

Доделени наградите од конкурсот „Танцот на глаголицата и кирилицата“

by culturalchat

НУУБ„Св .Климент Охридски“-Битола го одбележа 24 мај- Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј со доделување на награди на најдобрите литературно ликовни творби на учениците кои учествуваа на конкурсот на тема „Танцот на глаголицата и кирилицата“.

Овој настан го збогатија и учениците од Едукативниот центар „SmartHead“ и учениците од ООУ„ Елпида Караманди“-Битола под менторство на наставничката по македонски јазик Сузана Петковска кои пред присутните прочитаа нивни лични творби за ликот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

„Голема благодарност до сите оние кои дојдоа да ги поддржат овие млади ученици и се надевам дека ги поттикнавме и во иднина да творат“, истакнаа од Битолската библиотека.

Добитници се:
*За најдобри ликовни творби добитници се:
1 место – Огнен Тасевски ООУ „Св. Кирил и Методиј“
1 место- Михаела Станковска ООУ „ д-р Трифун Пановски“
2 место- Леона Лазаревска ООУ  „Даме Груев“
2 место- Коста Карајанов ООУ„ Св. Кирил и Методиј“
3 место Дарја Стојанова ООУ „Гоце Делчев“
3 место Максим Ѓоргиевски ООУ „Гоце Делчев“
*За најдобри литературни творби ( проза)
1 место Ернес Рамадановски- ООУ,, Ѓорги Сугарев”- Битола
2 место Деа Атанасов – „Гоце Делчев“ – Битола
*За најдобри литературни творби (поезија) добитници се
1 место Антонио Ковачки, ООУ „Елпида Караманди“ – Битола
2 место  Михаела Наумовска, ООУ „Елпида Караманди“ – Битола
2 место Леа Вренцовска,
3 место Дамјан Котевски, ООУ „Св. Кирил и Методиј“- Битола
3 место Павел Наумовски, ООУ „Елпида Караманди“ – Битола
3 место Миа Јашаровска , ООУ „Св. Кирил и Методиј“- Битола

Related Articles