Home » Италијанска премиера на „М“ на Вардан Тозија

Италијанска премиера на „М“ на Вардан Тозија

by culturalchat

По премиерата во Битола, филмот „М“ на Вардан Тозија имаша италијанска премиeра на филмскиот фестивал во Трст. Макеонскиот филм беше прикажан на фестивалот Trieste Science+Fiction Festival.

Филмот е работен по сценарио на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и режисерот Тозија, а работен е со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург, со мнозинска македонска продукција.

Фестивалот во Трст се одржуваше од 27. октомври до 1. ноември, а го организира Центарот за кинематографско и аудиовизуелно истражување и експериментирање La Cappella Underground, кој ги носи најдобрите продукции од жанрот фантазија на големо платно. Годинава имаше над 50 светски, меѓународни и национални филмски премиери во три натпреварувачки програми во присуство на режисери, актери и автори од целиот свет.

Во дистописката приказна на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила улогите ги толуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.  Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes“.

Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар. Македонската кинематографија на годинешниот филмски фестивал „Берлинале“ беше претставена од 2 филмови, еден од нив беше токму „М“. Продуцент на „М“ е Фокус покус филмс од Скопје, а филмот е официјална копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Овој филм е добитник на главната награда на Works in Progress (Филмови во изработка) во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Пула, Хрватска.

Трејлерот од филмот на следниот линк:

Related Articles