Home » Млада и талентирана, разговор со фотографката Дамијана Ристевска

Млада и талентирана, разговор со фотографката Дамијана Ристевска

by culturalchat

„Оваа година идејата за  тема,, Портрети низ Горната’’ дојде од мојот ментор кој ме насочи  да ги фотографирам искрените лица на учениците во Горната и да го доловам социјалниот живот и убавата енергија во училиштето која ја прават лугето кои што работат и учат во Гимназијата и ја прават истата таква каква што е“, ни изјави младата и талентирана Дамијана Ристевска која по повод патронатот на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, направи фото изложба со наслов ,,Портрети низ Горната“.Истата беше презентирана во рамките на свечената прослава во фоајето на Центарот за култура. Дамијана е втора година , а изложбата ја подготви под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски.

Модератор на изложбата беше Емилија Ристевска Стефановска, професор по музичка уметност. Дамијана често ќе ја видите низ градот со фотоапаратот, на настани како незабележително ќе се провлече низ толпата и ќе фотографира мигови, кои остануваат запаметени засекогаш благодарение на нејзините фотографии. За љубовта кон фотографијата, изложбата и многу повеќе од разговорот со Дамијана.

Од каде идејата за оваа изложба?

Д.Р.- Фотографирам од мала возраст. Кога започнав да учам во гимназијата „Јосип Броз Тито“ имав и многу фотографии од истата.  Минатата година пред патрониот празник мојата мајка насочувајќи ме да направам активност во чест на истиот, ми даде идеја идеја да ги соберам сите фотографии на тема „гимназијата“ во една изложба. Мојот професор по ликовна уметност Александар Поповски ги разгледа фотографиите, ме поддржа и стана мој ментор. Првата изложба насловена како „Гимназијата низ мојот објектив“ беше изложена во дворот на гимназијата за патронатот и акцентот на фотографиите беше исклучиво на Гимназијата како објект каде ги фотографирав деловите кои ми беа најубави во зградата и околу неа.

Оваа година идејата за  тема „Портрети низ Горната“ дојде од мојот ментор кој ме насочи  да ги фотографирам искрените лица на учениците во Горната и да го доловам социјалниот живот и убавата енергија во улилиштето која ја прават лугето кои што работат и учат во Гимназијата и ја прават Гимназијата таква каква што е.

Менторот Александар Поповски професор по ликовна уметност за изложбата рече:

„ Втора по ред изложба на Дамијана Ристевска ученичка во втора година. Минатата година кога започна да учи во  прва година разбрав дека се занимава со фотографија. Дојдовме на идеја да направиме изложба во чест на патрониот празник минатата година. беше изложена во дворот на гимназијата, а  насловена „Гимназијата низ објективот на ученичката Дамијана Ристевска“  Таа изложба беше насочена кон самиот објект и околу него со сите карактеристики и специфичност. Низ нејзиот онбјектив тие се  доловија многу реалистично. Оваа година се подразбираше некако дека треба да продолжиме во таа насока и втора по ред изложба на фотографии. Гледајќи ги фотографиите можете да ја  почуствувате климата владее и она што се случува тука“.

Како соучениците ја прифатија идејата?

Д.Р.- Моите соученици особено од мојот клас многу убаво ја прифатија идејата и кога им кажав за изложбата веднаш ми го поставија прашањето кога ќе почнам со фотографирање и во тие три денови во кои фотографирав неуморно ме пратеа секаде и ми беа инспирација  за некои од фотографиите. Тие нестрпливо очекуваа да ги видат фотографиите на изложбата.

Колку фотографии беа изложени?

Д.Р.- На изложбата „ Портрети низ Горната “ беа изложени 24 мои фотографии кои раскажуваат приказна со  ученици, професори, друг кадар  низ Гимназијата во ходници, училници, библиотека, дворот.

Кога се јави љубовта кон фотографијата и како се развиваше?

Д.Р.- Љубовта кон фотографирањето ми се јави од најмала возраст .Уште мала постојано сакав да сликам,кога го гледав мојот татко дома со фотоапаратот и постојано бев опкружена со фотографии.  На 10,11 годишна возраст татко ми ќе ми го дадеше фотоапаратот и повеќе сакав да фотографирам отколку јас да бидам фотографирана.

Подоцна започнав со одење на курсеви за фотографија, учествување во натпревари и фотографирање на некои настани.

Што најмногу сакаш да фотографираш?

Д.Р.- Сакам да фотографирам се што ми буди некаква емоција во мене и се што сакам да остане запаметено. Луѓе, животни, пејсажи ,природа, концерти. Сакам фотографии во ретро дизајн техника, кој ми е омилен. Но исто така морам да кажам дека особено сакам да фотографирам спортски настани и натпревари, а најповеќе ракомет.

Колку ти помагаат советите од твојот татко со оглед на тоа што тој е препознатлив битолски фотограф?

Д.Р.- Од најмала возраст, да кажам  растев опкружена со фотографии, изложби, фотоапарати. Од мала родителите ме носеа на настани како Битолско културно лето каде татко ми фотографираше. Мојот татко ме насочувапше и советите од него ми беа драгоцени и ми помагаат најмногу, ми купи  нов фото апарат само за мене. Поддршката од мојата мајка во давање насоки за некои теми, таа е перфекционист која ги забележува сите детали на фотографиите. Од минатата година ме викаат и започнав да фотографирам настани, како патронати, концерти….Сето ова ми дава поттик за понатаму и можеби изложби на други интересни теми.

 

 

 

Related Articles