Home » „Немаат сите училници ѕидови“, Еразмус проект во ОУ.Гоце Делчев во Могила

„Немаат сите училници ѕидови“, Еразмус проект во ОУ.Гоце Делчев во Могила

by culturalchat

„Немаат сите училници ѕидови“ – е името на најновиот проект во основното училиште Гоце Делчев од Могила.  Слободно може да се каже дека ова е фраза што целосно важи за  ова училиште . Секогаш отворени за нови иницијативи, секогаш подготвени за нови предизвици, секогаш на нивото на задачата. Така беше и во периодот помеѓу 26 до 30 Септември, кога училиштето беше центар на низа извонредно интересни активности како домаќини на Еразмус плус проектот Not all classes have walls. Ова е голем проект, во кој учествуваа 6 европски земји Македонија, Словачка, Турција, Романија, Бугарија и Италија. На мобилноста во ОУ.Гоце Делчев, имаа  33 гости, од кои 22 ученици и 11 наставници.

„ Целта на овај проект е учениците да се стекнат со вештини кои ќе им помогнат да ги развиваат своите креативни, создавачки потенцијали. Секако, како и во секој добар проект, се развиваат и соработката, јазичните вештини, презентерските способности и тимската работа меѓу сите учесници и се јакнат емпатичноста, прифаќањето и интеркултурноста“, стои во соопштението од училиштето.

Тука се одржаа низа работилници:

– Рециклирање хартија и цртање на рециклирана хартија,
– Украсување на платнени торби за повеќекратна употреба,
– Засадување на растенија,
– Работилници за храна Slow food ,
– Редизајн и реупотреба на пластични шишиња,
– Презентации за справување со отпад.

Се оствари и средба со градоначалникот Драганчо Саботковски кој ја истакна својата поддршка за овој и за сите проекти и активности кои ја унапредуваат работата во училиштето и носат бенефит за учениците и наставниците.

Секако, на гостите на најдобар можен начин им беше претставена  Македонија, Могила и плодната Пелагонија, Хераклеа, Битола со најубавата шетачка улица на Балканот Широк Сокак ,Националниот парк Пелистер,  бисерот Охрид со Самоиловата тврдина, Плаошник, Св.Софија, Канео, Св.Наум, изворите и синото езеро. Прекрасната храна, сончевото време, многу нови пријателства, забава и смеа, незаборавни моменти и секако гостопримливоста од училиштето се само дел од прекрасните спомени што ги понесоа нивните гости враќајки се во своите земји

Еразмус тимот на училиштето беше составен од: Ѓоргиевска Јасна, Костовска Лилјана, Диневска Зорица, Бошковска Наташа и Зацевска Марија.

Related Articles