Home » Потпишан меморандум за соработка на НУУБ „Св.Климент Охридски“ и ЈОУДГ “Мајски Цвет” – Битола 

Потпишан меморандум за соработка на НУУБ „Св.Климент Охридски“ и ЈОУДГ “Мајски Цвет” – Битола 

by culturalchat
Директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски и директорката на ЈОУДГ “Мајски Цвет” – Битола  Кристина Лајмановска потпишаа меморандум за соработка.
Целта на меморандумот  е да се воспостави кооперативен однос помеѓу градинката и библиотеката со цел да се промовира писменоста, образованието и соработката на релација родители, градинка и библиотеката како и да се опфати развојот на  првите пет години од животот  кој се најважни во развојот на децата.
Библиотеката ќе обезбеди бесплатно членство на сите  деца од 0-6 години,
 книги и други материјали за читање соодветни на возраста за учениците од градинката да ги позајмат и да уживаат во самата установа
Исто  така Библиотеката ќе нуди периодични сесии за читање на приказни во градинката за промовирање на читањето и писменоста.
Градинката ќе ги поттикне учениците и нивните семејства да го користат бесплатното членство од библиотеката и да ги користат ресурсите на библиотеката.

Related Articles