Home » Се одржаа едукативни работилници во рамките на проектот „Заедно посилни“

Се одржаа едукативни работилници во рамките на проектот „Заедно посилни“

by culturalchat
Како дел од активностите на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, беа и  5-те едукативните работилници., како дел од проектот „Заедно посилни“.
После првата работилница во ноември посветена на здравјето и крвниот притисок, секој нареден месец до завршувањето на проектот се организираше по една работилница со експерти од различни области со цел корисниците да добијат корисни информации за нив. „Сумнал“ и Центарот за социјални работи – Битола минатата година потпишаа меморандум за соработка, па во таа насока се организираше работилница со Денис Арслановски како нивни претставник околу достапните социјални усуги и бенефиции за постарите лица објаснувајќи ги условите и постапките за аплицирање и нивно добивање.
Следуваше работилница со Ирена Стојчевска, дипломиран правник, која на корисниците им даде информации околу одредени правни процедури, а воедно им понуди и бесплатна правна помош.
Психијатарот, Гордана Ристевска Димитровска, разговараше со корисниците за правилен активен живот во трето доба споделувајќи корисни совети и информации со цел поактивно да се вклучат во социјалните текови.
На последната работилница, корисниците се дружеа со Магдалена Mаневска, раководител на службата за персонално банкарство, дигитални сервиси и самоуслужни продукти во Стопанска банка АД Битола. Таа ги запозна со банкарските продукти и услуги поврзани со отварање на трансакциски сметки и нивно следење, начини на плаќање, вклучително и користењето на платежните картички, достапни кредитни услуги и процедури за добивање на кредит, депозити, а особено се осврна на е-банкарството со што корисниците можат да ја следат состојбата на својата сметка онлајн преку телефон или компјутер.
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на  Македонија преку програмата Европски солидарен корпус на Европската унија.

Related Articles