Home » „Тешкото“ инспирација за изложба на Озбек Ајваз

„Тешкото“ инспирација за изложба на Озбек Ајваз

by culturalchat
Дваесет и три годишниот Озбек Ајваз, ја имаше својата прва самостојна изложба пред зградата на Филхармонијата. Делото, изработено од железо, беше „Тешкото“, составено од скулптури на осуммина играорци во природна големина. Озбек е магистрант на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Ова дело го работев три месеци, направено е од отпадно старо железо. Како што можете да видите, користев запчаници, капаци од мотори од фрижидери, арматури, штрафови. Овде има осум метални скулптури, но тоа не е случајно. Осумка, како симбол на бесконечност, осум бидејќи македонското срце чука во седум осмински такт, но и затоа што осум години учев вајарство – четири години во средно и четири години на насоката по вајарство на факултет“, вели Ајваз во оргиналното интервју за Мета. „Се игра на Галичник, кога луѓето заминувале на печалба, поради што сите сите се тажни. И во времето на карантините, времето беше многу тешко за сите, па токму тогаш ја добив идејата мотивот да биде токму „Тешкото“. Делото е сработено од рециклирани материјали, со што се потрудив да дадам свој придонес во заштитата на природата“, додава Ајваз. Овој млад надежен ликовен уметник има учествувано во повеќе групни изложби и симпозиуми, а минатата година добил награда за надежен млад уметник во Истанбул.

Related Articles