Home » 13 награди и 20 признанија од УНЕСКО за ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола

13 награди и 20 признанија од УНЕСКО за ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола

by culturalchat

Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троја – Франција информираат дека на учениците при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на овогодинешниот 30 јубилеен конкурс, кој овој пат ја носеше темата “Спомени од иднината – Митови и легенди од мојата земја”, доделени им се 20 индивидуални Благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 20 ученици од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

УНЕСКО оваа светска детска ликовна манифестација ја реализира 30 години, а на годинешниот конкурс пристигнаа дела од над 70 земји во светот кои генерираа фонд од околу 4.000 дела од кои 840 ја поминаа првичната селекција по која и се доделени Благодарниците – Признанијата.

Втората фаза опфати 300 дела по што следуваше номинација на 200 ученици за 100 награди или најдобрите 100 во светот во детско сликарство. УНЕСКО ги најави номинациите на 8-ми март 2О23 година, а ова се финалните резултати.

Од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола има 12 ученици кои се меѓу селектираните – номинираните и наградените 300 до 100 дела од 70 држави и тоа:

  • Фросина Полизовска [ 9 години ] – Меланија Кондовска [ 14 години ] – Велерија Костовска [ 16 години ] која го освои и третото место – бронзен медал во категоријата млади уметници од 14 – 17 години и Ангела Цветковска [ 18 години ].
  • Награди добија и учениците Никола Тасевски [ 1O години ]и Јана Талеска [ 1О години ] како и учениците Анастасија Наумчевска [ 14 години ] – Сара Наумовска [ 14 години ] – Ана Полизовска [ 14 години ] – Леа Стерјев [ 14 години ] – Марија Јанкуловска [ 15 години  ] Сирма Спиркоска [ 15 години ] и Андреа Ресановиќ [ 15 години .]

Посебна покана за посета на церемонијата на доделување Награди има ученичката Валерија Костовска и Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на Специјалната церемонија на доделување на наградите која ќе се одржи на 3 јуни 2023 година во Espace Argence во Троја – Франција.
Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола беше единствениот претставник – учесник на УНЕСКО конкурсот за Македонија за што посебно признание добива студиото и претседателката Елена Хаџи-Антоновска.

Патувањето на претставници од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и наградените ученици засега како најавуваат од студиото за жал нема да може да се реализира.

 

Related Articles