Home » Тринаесет македонски филмови на петтото издание на „Златна рамка“

Тринаесет македонски филмови на петтото издание на „Златна рамка“

by culturalchat
Со проширена програма, бесплатни проекции и трибини од 20-22 април ќе се одржи „Златна рамка 2023“ во организација на ДФРМ.
Петтото издание на „Златна рамка 2023“ под наслов „Во наш филм“, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 20 до 22 април во Кинотека на Македонија и киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската манифестација „Златна рамка“ веќе пет години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а кои се финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм. Оваа година, манифестацијата е планирано да понуди вкупно 13 филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, три документарни и седум краткометражни филмови.
Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги погледнат долгометражните остварувања „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска, како и документарните филмови „How do you define arrogance“ режиран од Небојша Илијевски, „Фениксот од Кавадарци-Васил Хаџиманов“ во режија на Мишо Нетков и „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова.
Краткометражната програма ќе се одвива во Киното „Фросина“, во рамките на која, во петок, на 21 април ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ во режија на Томислав Алексов, „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Обичната Ели“ режиран од Лавинија Софрониевска. На 22. Април (сабота) ќе бидат прикажани „Синиот час“ во режија на Ана Јакимска, „Си беше еднаш еден звук“ на Огнен Шапковски, „Бесценета“ режиран од Дејан Јиованов и „Соло Мод“ во режија на Тамара Котевска.

Related Articles