Home » Божо Вречо и Васил Хаџиманов одржаа концерт за паметење во Скопје

Божо Вречо и Васил Хаџиманов одржаа концерт за паметење во Скопје

by culturalchat
Во Македонската филхармонија со наслов „Севда“ еден од најбараните и најпознати машки вокали на Балканот и пошироко,  босанскиот „принц на севдахот“ како што го нарекува светската критика Божо Вречо, заедно со пијанистот Васил Хаџиманов, миленик на македонската публика, уметник кој го спојува џезот со традиција на балканското поднебје, одржа целовечерен концерт за македонската публика, своите обожаватели и сите оние кои го сакаат, почитуваат и слушаат. Вречо беше придружуван и од оркестарот на Македонската филхармонија, а како диригент на концертот  се појави младата Дијана Имери Илкоска чии љубовни песни од Балканот, кои се всушност и беа дел од програмата, се во нејзин аранжман. „Жуте дуње“, „Да зна зора“, „Ко ли ночас милује ти косу“, „Кажи, кажи либе Стано“, „Ајде дали знаеш, паметиш Милице“, „Севда“, „Што те нема“, се само дел од песните кои Божо заедно со Васил и оркестарот на Македонската филхармонија, допринесоа за одличната музика атмосфера во Филхармонијата. Богатото музичко наследство од својот татко Зафир, музичарот Васил Хаџиманов гордо го носи. Беше ретко уживање да се слуша како Васил ја свири „Од љубов не се бега“, во Филхармонија. Божо Вречо е докажан вокал во светски рамки, наречен „човекот со ангелски глас“ од „Њујорк тајмс“, но она што во неговиот глас и срце се крие е балканската музика. Вречо одржа концерт во Битола, вечер за паметење пред неколку години како дел од 9- то издание на Фестивалот на музика од светот во Центарот за култура.

Related Articles