Home » Романот “Татко ми Босфор“ во продажба од 17.октомври

Романот “Татко ми Босфор“ во продажба од 17.октомври

by culturalchat
…На самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Османлиската држава, се случуваат две, навидум различни приказни.
Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг.
Но, Камила Џалал е и девојка која по низа несреќни случаи во нејзиниот живот почнува да станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз. Додека се приближува крајот на династијата и соборувањето на султанот Абдулхамид од престолот, на другата страна од времето, Босфор трага да го најде чудовиштето зад серија убиства коишто ја згаснаа светлината на градот.
Што имаат заедничко девојките со исто име? И двете живеат за едно нешто. Да ѝ најдат смисла на смртта…
Ова е само дел од најновиот роман на Јован Илиески, со наслов „ТАТКО МИ, БОСФОР“.
„Долго го чекав моментов и сигурен сум дека ова е најдоброто од мене досега. Пресреќен сум што мојот нов роман е во рацете на Антолог. Се надевам дека го оправдав вашето чекање и новиот роман „Татко ми, Босфор” ќе го прочитате со исто срце како што и јас го напишав“, вели младиот и талентиран писател.
Романот ќе биде во продажба од 17-ти октомври, а наскоро и дружење со писателот.

Related Articles